Ова е најдобрата форма на вежбање за целокупното здравје, според проценката на бројни студии

Тајната на долговечноста лежи во урамнотежена исхрана, избегнување на производи од тутун и алкохол и редовно вежбање. Но, која вежба е најдобра за здравјето? Научниците тврдат дека тоа е јога.

Препораките на здравствените експерти се дека возрасните на возраст меѓу 19 и 65 години се обидуваат да бидат физички активни секој ден, но никаде не е наведено точно кои вежби се препорачуваат.

Препораката на Националната здравствена служба во Велика Британија е луѓето да вршат активности што ја стимулираат работата на сите поголеми мускулни групи што е можно почесто, и да се вклучат во умерена активност најмалку 150 минути во текот на неделата или интензивно да вежбаат 75 минути.

Во рамките на овие упатства, беше потенциран еден вид вежби особено како што се препорачува за подобро кардиоваскуларно здравје, а тоа е јогата. Тоа е група на физички, ментални и духовни вежби кои потекнуваат од Индија. Вклучува вежби за дишење, медитација и пози дизајнирани да поттикнат релаксација и олеснување на стресот. Но, како му помага на срцето?

Студијата која следеше испитаници на возраст над 40 години откри дека оние кои вежбале јога имаат помал крвен притисок и вредности на срцевиот ритам од оние кои не вежбале. Студијата насловена како „Effect of Yoga on Cardiovascular System in Subjects Above 40 Years“ е објавена на „Пабмед“. Високиот крвен притисок доведува до проблеми со срцето и циркулаторниот систем, вклучувајќи мозочен удар и срцев удар. Затоа, намалувањето на крвниот притисок е исклучително важно за да се спречат овие состојби.

ФОТО: Unsplash

Истражување во друга студија под наслов „Beneficial Effects of Yoga Lifestyle on Reversibility of Ischaemic Heart Disease: Caring Heart Project of International Board of Yoga“ откри дека вметнувањето јога во секојдневниот здрав животен стил ја забавува прогресијата на срцевите заболувања кај оние што веќе се дијагностицирани со такви состојби. Следеле 113 испитаници во текот на една година и ефектите од јогата, промените во исхраната и управувањето со стресот врз нивното здравје. Испитаниците покажале пад на вкупниот холестерол за 23 проценти и пад на лошиот ЛДЛ холестерол за 26 проценти. Кај нив, прогресијата на веќе постојните срцеви заболувања се забави за 47 проценти.

Меѓу основните цели на јогата е да се намали влијанието на стресот, што најмногу придонесува за развој на срцеви заболувања. Покрај тоа, јогата ќе ви го продолжи животот бидејќи ќе помогне да се спречи појава на болести. Воспалението е нормална имунолошка реакција на организмот, но придонесува за развој на срцеви заболувања, дијабетес и карцином.

ФОТО: Getty Images

Студиите исто така покажаа дека јогата ги намалува воспалителните процеси во организмот. Списанието за клинички и дијагностички истражувања во 2015 година ја донесува студијата „Effect of Yoga Practice on Levels of Inflammatory Markers After Moderate and Strenuous Exercise” во кое 218 испитаници биле поделени во две групи. Учесниците во првата група вежбаа јога, а во втората група не. За да предизвикаат реакција на стрес, учесниците потоа беа упатени на умерено и напорно вежбање. На крајот на студијата, тие откриле дека луѓето што вежбале јога имаат помалку воспалителни маркери од учесниците во втората група.

И, конечно, една мала студија од 2014 година под наслов „Yoga Reduces Inflammatory Signaling in Fatigued Breast Cancer Survivors: A Randomized Controlled Trial” погледна како преку 12 недели учесници во јога кои преживеале карцином на дојка и страдале од хроничен замор може да ги намалат воспалителните маркери. Научниците исто така откриле дека јогата помага во борбата против хроничната болка и депресијата.

Прочитајте и: Најдобро може да го разбудите и активирате вашето тело со оваа моќна вежба

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.