Ова е најчестата грешка при изведување на вежбата „штица“

Рангиран е меѓу првите шест вежби за стомачни мускули и се чини дека стана неопходен дел од секој тренинг.

Постојат многу варијации на „штица“, а експертите постојано предупредуваат дека оваа вежба е ефективна доколку трае помеѓу десет секунди и две минути. Значи, и покрај фактот дека светскиот рекорд во држење „штица“ е 8 часа, 15 минути и 15 секунди, потребно е многу пократко да се зајакнат мускулите и издржливоста.

Истражувањата на канадските научници покажуваат дека „штицата“ е дури и поефикасна од вежбите за градење мускули, но има некои грешки што многумина сè уште ги прават при изведување.

Познатата тренерка Џилијан Мајклс објасни дека тие најчесто се однесуваат на положбата на телото.

Прво, посочува таа, дланките треба да бидат поставени на земја, веднаш под рамената. Потоа потпрете го долниот дел од телото на подот и раширете ги нозете во ширина на колковите.

„Бидете сигурни дека ’рбетот е потполно исправен, особено главата, таа не смее да падне“, посочува Џилијан.

Треба да го повлечете папокот кон ‘рбетот и да го стегнете задникот.

„Кога ќе се најдете во оваа позиција, веднаш ќе сакате да се симнете од земја“, тврди Мајклс.

Сето тоа звучи едноставно, но Мајклс вели дека луѓето сè уште ги држат своите раце премногу далеку пред нивните тела или рамената и дека грбот и стомакот им паѓаат кон подот.

„Вежбањето е ефикасно само ако влијае и на горниот дел од грбот“, заклучила таа.

Прочитајте и: Потребни ви се само три состојки за да направите спортски пијалак дома

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.