Обликувани раце за 2 недели: Најпознатата фитнес-инструкторка ги открива најдобрите вежби за вретенести мускули!

Ефикасно!

Со малку труд, ќе забележите како опуштените мускули стануваат се’ посилни

Голем број жени имаат проблем со насобирање масни наслаги на надлактиците. Освен тоа, на овој дел од телото кожата најпрво почнува да се опушта, а ќе се согласите дека тоа не е најпријатна глетка.

Единствен начин да го затегнете овој дел од телото се вежбите. Трејси Андерсон, најпознатата фитнес-инструкторка, создала специјални вежби кои успешно го решаваат овој проблем. Освен што се ефикасни, многу лесно се изведуваат и нема да ви треба дополнителна опрема, само добра волја и малку простор.

https://www.instagram.com/p/B02Dd-VgKEI/?utm_source=ig_embed

„Вежбите се создадени така што не се монотони за изведување. Многу се динамични, па нема ни да забележите дека поминало времето. Со мојот метод, вежбањето е забавно“, изјавила таа.

Првите резултати може да се видат по само две недели. Трејси зад себе има повеќегодишно искуство и работа со најголемите холивудски ѕвезди, како што е Гвинет Палтроу.

Еве како изгледаат вежбите…

https://www.youtube.com/watch?v=S59hb0lOEzI

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.