Најтешко е да се отстранат маснотиите од стомакот: 5 индиски вежби без движење што даваат најдобар резултат! (ФОТО)

Одвојте само 10 минути дневно

Бидете упорни и резултатите сигурно нема да изостанат

Масните наслаги од стомакот најтешко се отстрануваат, колку и да вежбате и да внимавате на исхраната.
За овој проблем најефикасни се јога-вежбите, што Индијците ги практикуваат.

1. Поза кобра

https://www.instagram.com/p/CAySd_gFMeq/?utm_source=ig_embed

Оваа вежба ги зајакнува стомачните мускули и помага да се отстранат маснотиите од нив. Исто така, помага за зајакнување и флексибилност на ‘рбетниот столб и го зајакнува целиот горен дел од телото.

Како се изведува: Легнете на стомак со испружени нозе. Поставете ги дланките под рамената, брадата и прстите треба да го допираат подот. Полека вдишете и подигнете го горниот дел од телото, па извијте го телото што е можно поназад. Задржете ја позата 15-30 секунди. Полека издишете и вратете се во почетната положба. Повторете ја вежбата пет пати.

Напомена: Оваа вежба не треба да ја прават трудници и луѓе што страдаат од чиреви, хернија или повреди на грбот.

2. Превртен лак

https://www.instagram.com/p/CB1v7KcpBPT/?utm_source=ig_embed

Оваа поза го зајакнува срцето, стомачните мускули и ги топи масните наслаги. Го стимулира и системот за варење и спречува констипација.

Како се изведува: Легнете на стомак, испружете ги нозете, а рацете раширете ги. Свиткајте ги колената и фатете ги стапалата со рацете. Вдишете и подигнете ја главата, зафрлете ја наназад додека истовремено ги подигнувате нозете што е можно повеќе. Задржете се така 15-30 секунди и дишете нормално, па вратете се во почетната положба. Повторете пет пати.

3. Поза „кран“

https://www.instagram.com/p/CCXvgxTJjpW/?utm_source=ig_embed

Помага за отстранување маснотии од половината и ги зајакнува мускулите на грбот и на нозете.

Како се изведува: Легнете на грб, испружете ги нозете и спојте ги. Рацете се поставени од страна. Вдишете и почнете рамно да ги подигнувате нозете, без да ги свиткувате во колената. Подигнете ги рацете така што ќе ги допрете нозете и со телото ќе формирате агол од 45 степени. Задржете 15 секунди, дишете нормално. По издишувањето, вратете се во почетната положба. Направете 5 повторувања.

4. Поза „штица“

https://www.instagram.com/p/xcuQrmBv78/?utm_source=ig_embed

Наједноставната вежба што согорува маснотии од стомакот и ги зајакнува рамената, рацете, грбот, задникот и нозете.

Како се изведува: Застанете во положба како за склекови, држете го грбот рамен, целото тело е рамно. Задржете ја положбата 15-30 секунди или подолго, колку што можете. Клекнете и одморете, па повторете уште 4 пати.

5. Поза „ветар“

https://www.instagram.com/p/CCI0ssMhJ2K/?utm_source=ig_embed

Оваа вежба освен што помага за слабеење во пределот на стомакот, обезбедува и неутрализирање на болката во долниот дел на грбот. Се верува и дека го забрзува метаболизмот.

Како се изведува: Легнете на грб со раширени раце и нозе. Свиткајте ги колената и опфатете ги со раце, па привлечете ги кон градите. Со помош на колковите, префрлете го притисокот на стомачните мускули. Длабоко дишете и задржете ја положбата 60-90 секунди. Вежбата треба да ја направите 5 пати.

Совет: Помеѓу секое повторување на секоја од овие 5 вежби, направете пауза од 15 секунди.

Фитнес-предизвик: подобра јас! 30 дена до фит-фигура
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.