Најкрупната актерка имала повеќе од 120 кг: Успеала да симне 45 кг за рекордно време, а во тоа ѝ помогнале 2 едноставни работи

Еве во што лежи трикот

Ако се прашувате како најдебелата актерка ослабела 45 килограми, Криси Мец ви го дава одговорот што вреди злато

Актерката и пејачка Криси Мец, покрај со неоспорниот талент, привлекуваше внимание и со вишокот килограми, кои секогаш гордо ги носеше. Овој пат се појавила во цветен фустан што направил да изгледа визуелно уште покрупно, но со својот пример покажала дека изгледот не е најважен.

Криси целиот живот се борела со вишокот килограми, но во еден момент успеала да ослаби дури 45 килограми, воведувајќи само две едноставни промени.

Не сакала да се труди во екстреми за да ослаби брзо, па затоа се одлучила за диета со калориски дефицит од 2000 калории дневно, по што применувала 20-минутна прошетка.

„Целта ми беше да внесувам по 2000 калории дневно и да шетам по 20 минути дневно“, открила Криси за „Пипл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chrissy Metz (@chrissymetz)


Исхраната со вишок калории е причината зошто повеќето луѓе качуваат килограми, односно го хранат телото со вишок хранливи материи. Човекот треба да ги исфрли дополнителните калории што ги внесува. Денес, нашите прехранбени навики вклучуваат повеќе преработена и нездрава храна за разлика од порано. Овие преработени намирници не содржат корисни хранливи материи, а содржат премногу масти, кои потоа се складираат во нашите тела.

Слабеењето на Криси Мец започнало така што консумирала шест помали оброци во текот на денот, кои главно се состоеле од зеленчук, немасни протеини и здрави јаглехидрати. Не се ограничувала во работите што сакала да ги јаде. Повремено си дозволувала да „погреши“ што ѝ ја олеснило диетата. Строго одбегнувала нездрава храна и се придржувала до внесувањето 2000 калории дневно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chrissy Metz (@chrissymetz)

Актерката успеала да симне 45 кг за само пет месеци, а голема мотивација ѝ била желбата да успее во светот на глумата. Откако ослабела, истакнала дека многу подобро се чувствувала и дека го направила тоа исклучиво за себе, а не за другите.

„Без разлика дали слабеам или не, не се водам според никакви бројки. Мислам дека не е важно што велат другите“, порачала актерката.

Крис отсекогаш водела битка со килограмите, но не дозволувала тоа да ја оптоварува, ниту да се чувствува лошо.

„Убавината не треба да се мери според тежината. Не разбирам зошто луѓето го прават тоа. Всушност медиумите се виновни за постоењето на ставот дека ако сме слаби, тогаш сме убави. Само да се разбереме, на телевизија сите изгледаме подебело“, објаснила Криси.

Криси е висока 165 см, а имала повеќе од 120 кг. Според фотографиите од папараците, повторно си ја вратила старата тежина.

Поради овој трик за слабеење, Џеј Ло има тело на божица: За само 12 дена ќе имате вита става како неа!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.