Можете да вежбате и на работа, а еве како

Активирајте ги мускулите

Денес, повеќето работни места бараат осум часа, па дури и подолго седење. Можеби дури и не сте свесни, но сето тоа влијае на вашите мускули и доведува до големи здравствени проблеми. Затоа е потребно секој ден малку да се размрдувате. Со тоа ќе ги разбудите мускулите. Најдобро од сè, никој нема да забележи и ќе се чувствувате многу подобро и поудобно.

Истегнете ги мускулите на грбот

Грбот е делот од телото кој при седење најмногу страда од притисок. Се разбира, повеќето луѓе не седат како што треба, туку малку згрбавено, поради што е неопходно да се истегнат од време на време. Ова ја намалува напнатоста на мускулите на тој дел од телото.

Не седете на средина на стол

Не седете на средина на столот. Тогаш го кривите грбот и ги виткате рамениците напред. Наместо тоа, поминете некое време седејќи на работ на столот, бидејќи тоа ќе бара од вас да ги исправите грбот и рамената, давајќи им поголема активност на вашите раце. Во прилог на движење на мускулите, ваквото седењето ќе ви овозможи да го одморите вашето тело од положбата во која обично се наоѓа.

Вежбајте ги рацете

Иако ви се чини дека вашите раце не се под толку голем притисок додека седите, по некое време може да добиете ситуација во која чувствувате болка и во рацете. Затоа, направете 20 кратки круга секој ден во насока на стрелките на часовникот и спротивно од стрелките на часовникот. Направете го истото со зглобовите.

И мускулите на дланките се важни

Еден од најдобрите начини за движење на мускулите е да ги стиснете дланките 10 пати на секој час. На овој начин ќе можете да ја стимулирате циркулацијата, но ќе ги одморите и прстите и дланките од постојано пишување.

Вежбајте го вратот

Вратот е скоро секогаш свиткан напред, односно кон компјутерскиот екран. Ова е причината зошто ние често чувствуваме вкочанетост затоа што постојано е во иста неправилна позиција. Од време на време опуштете ги рамената, со нежни движења виткајте ја главата напред, а потоа наназад. Повторете неколку пати. Потоа, свиткајте ја главата кон едното, а потоа кон другото рамо. Конечно, направете лесни кружни движења со главата. Сето ова е кратко и можете да ја повторите вежбата неколку пати за време на работното време.

Не ги занемарувајте нозете

Постојат два начина да ги активирате нозете. И двата се невидливи за другите затоа што ги правите под бирото. Првата е да ги кренете стапалата, со прстите на подот, неколку сантиметри од подот, а втората е да ја свртите ногата во круг. Тоа е одличен начин да ги активирате мускулите, но и да помогнете во циркулацијата, што е малку побавна за време на продолжено седење.

Прочитајте и: Откријте како да го изберете најдобриот тренинг според формата на вашето тело

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.