Метаболизмот не е виновен што се дебелеете: Еве во што е проблемот!

Жива вистина!

Фото: Getty Images

Веројатно веќе сте чуле или прочитале дека луѓето неизбежно се дебелеат кога ќе му се приближат на четириесеттиот роденден, а дека главниот виновник за тоа е метаболизмот

Во втората половина од животот, метаболизмот забавува, но стапката на тоа забавување е многу мала. Некои истражувања велат дека дури и минимална. Ако немате сериозно метаболичко нарушување, тогаш метаболизмот не е виновен што се дебелеете.

Метаболизмот има различни фази

Метаболизмот во мирување е тоа колку енергија троши нашето тола кога во недела наутро лежиме на каучот. Зависи од комбинација на неколку фактори, на пример, од висината, од полот, гените и тука ништо не може да се промени.

Покрај тоа, постојат уште три фази на метаболизмот. Обично се вели дека метаболизмот го одредува храната што ја јадеме и нејзиниот вид и начинот на движење.

Првата фаза е метаболизмот за време на оброкот. Откриено е дека додека џвакаме, голтаме и вариме, согоруваме и мала количина на калории (околу 10% од дневната вредност). Тоа се вика топлотен ефект на храната. Овој процес може да се забрза со пиење кафе или зелен чај, или со земање многу протеини со чили пиперчиња. Меѓутоа, немојте да се надевате дека ќе изгубите килограми на овој начин. Храната што го забрзува метаболизмот не може да ви помогне да изгубите килограми.

Втората фаза на метаболизмот е онаа што се случува за време на движење и таа согорува најмногу калории. Секое движење вреди: качување по скали, одење низ канцеларија, спорт што прави да се потите како да сте во сауна – сето тоа ја сочинува втората фаза на метаболизмот.

Третата фаза на метаболизмот е онаа кога мируваме, а калориите и понатаму се согоруваат. На пример, лежењето на кауч после тренинг е поефикасно од претходно. Тоа се нарекува „кислороден долг“ – оптоварувањето е завршено, а кислородот во телото продолжува да согорува калории.

Па така, ако сакате да ослабите, важни се само овие последни две фази на метаболизмот.

Се верува дека тренингот за сила согорува најмногу калории, но истражувањата не го поддржуваат тоа. Имено, факт е дека мозокот троши повеќе калории од бицепсот.

„Функцијата на мозокот е околу 20% од метаболизмот во мирување. Следно е срцето кое работи без престан – уште 15-20%. Потоа, бубрезите, белите дробови и другите ткива. Околу 20-25% им преостануваат на мускулите“, тврдат експертите од Универзитетот во Луизијана.

Па така, иако вежбањето со тегови е здрава навика, не очекувајте дека многу ќе ви се забрза метаболизмот. Најкорисни се кардиовежбите кога срцето активно работи, а белите дробови силно дишат:

  • Одење
  • Трчање
  • Пливање

Генерално, откриено е дека тајната е едноставна и прилично здодевна: прво, со текот на години се движиме помалку – не само што помалку се занимаваме со спорт, туку повеќе седиме и многу малку пешачиме. Второ, престануваме да бидеме свесни за прехранбените навики. Механизмот кој го контролира апетитот почнува да функционира сѐ полошо со текот на годините: не разбираме дека време е да сопреме и да престанеме да се „товеме“.

Заклучок: Не го обвинувајте метаболизмот за сѐ, тој не е виновен. Само треба повеќе да се движите и помалку да јадете.

Вистина е дека никој не сака да послуша комплициран совет, бидејќи е комплициран. Но исто така, никој не сака да слуша ни едноставни совети, бидејќи се премногу едноставни! Ваше е да одлучите дали ќе го послушате овој совет, но не обвинувајте го метаболизмот. Не е до него, до вас е!

Генетика, хормони и метаболизам – главните „соучесници“ за губење масни наслаги
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.