Клекнувањата се мајка на сите вежби: Го лекуваат срцето, ги затегнуваат нозете и го спречуваат стареењето! (ВИДЕО)

Здрави нозе - здраво срце

Ако сакате срцето секогаш да ви работи точно како часовник, уште денес почнете да вежбате клекнувања, но само на овој начин

Луѓето кои одлучиле да не вежбаат како да одлучиле да остарат на 45 години и да одат во пензија. Телото старее ако не се одржува, а не поради годините.

Срцето е голема пумпа што праќа крв во нозете и во мозокот. Тогаш почнува венскиот проток, бидејќи крвта се подигнува од нозете и се враќа во срцето. Вените ѝ помагаат на крвта да се врати во срцето, а брзината на враќање на крвта во срцето зависи од состојбата на мускулите на нозете.

Поради тоа, мускулите на нозете мора да бидат во добра форма за да може срцето добро да работи. Меѓутоа, многу од нас поминуваат пола ден во седење што ја отежнува работата на срцето и се создаваат услови за појава на болести. Најчестиот проблем, дури и кај помладите луѓе, е недостигот на кислород во крвта што се јавува како последица на намалената физичка активност.

Клекнувањата како мајка на сите вежби

Слаби нозе – слабо срце. Поради тоа, препорачливо е секој ден да правите една едноставна вежба: клекнувања. Клекнувањата ги одржуваат мускулите на нозете и крвните садови во совршена форма, што придонесува за побрз проток на крвта до срцето.

Многу е важно за време на клекнувањата да издишувате, бидејќи така сета негативна енергија ќе излезе од вашето тело.

Физички здравите луѓе би требало да прават три серии по 10 клекнувања првите денови. Не треба да претерувате и не брзајте. Постепено и полека правете ја оваа вежба и не форсирајте го вашето тело да прави премногу клекнувања уште првите денови.

Клекнувањата може да се изведуваат во текот на денот во три серии, односно три пати дневно по 10 клекнувања. Полека зголемувајте го бројот на клекнувања, кога ќе почувствувате дека вашето тело може да го поднесе тоа.

За оние кои многу седат во текот на денот, клекнувањата се неопходни. Оваа вежба може да замени пешачење, пливање, трчање, планинарење…

Кога ќе завршите со клекнувања, ставете ги нозете во ладна вода во временски интервал од 5 до 10 секунди, а потоа истријте ги со груб и сув пешкир.

Не заборавајте да ги намачкате нозете со крем, млеко за тело или масло, бидејќи кожата најдобро ги впива сите состојки од кремовите за тело по вежбање.

Погледнете го следново видео за да видите како правилно да правите клекнувања…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.