Како изгледаат домашните тренинзи на славните дами во самоизолација

Иако светот денес е исполнет со страв и неизвесност, нешто што сигурно ни помага да ги надминеме негативните емоции е тренингот и навидум нормалната рутина.

Покрај тоа што го зголемувате срцевиот ритам, ги истегнувате и активирате мускулите, вежбањето ќе ви помогне да се фокусирате на нешто друго освен да ги читате вестите и ќе ви бидат од корист за вашето ментално здравје.

Во изобилство на одлични видеа, споделуваме неколку од нашите омилени тренинзи кои славните дами ги споделија на своите социјални мрежи.

https://www.instagram.com/p/B-Fps48Dbqm/

Карли Клос на своите социјални мрежи споделува видеа од нејзините вежби, рутините за убавина и здравата исхрана. Таа, исто така, организира забави за танцување на нејзиниот Инстаграм и медитации со своите пријатели.

https://www.instagram.com/p/B-Xu4ppl0LU/

Џесика Алба успева да најде време во денот за добар тренинг. Бидејќи има многу активна публика на Инстаграм, таа редовно комуницира со нив и ги исполнува нивните желби кога станува збор за видовите тренинзи што ги прави.

https://www.instagram.com/p/B-E7mplprs5/

Нов и сè попопуларен метод на вежбање е тренингот на П. Волв, кој вклучува многу мали и прецизни движења за активирање на секој мускул во телото, а нив редовно ги практикува Кејт Босворт.

Прочитајте и: Домашен тренинг: Вежби за затегнување и обликување на телото

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.