Јелена Ѓоковиќ виси наопаку (ФОТО)

Аериал-јога

Јелена Ѓоковиќ  вежба секој ден, а неодамна откри дека токму поради сопругот Новак Ѓоковиќ почнала да ги поместува своите граници на издржливоста. Сега со обожавателите на Инстаграм ја сподели својата нова умешност на фотографијата на која вежба јога и виси наопаку.

Чувството дека висите наопаку и не е толку лошо ако го предизвикате сами – е, тогаш сте подготвени за се’“, напиша Јелена во описот на објавената фотографија.

Инаку, станува збор за специјален вид јога, наречена „Аериал-јога“, која претставува комбинација од традиционалните пози, пилатес и танц со помош на висечка лента, а во која сопругата на популарниот тенисер е мошне успешна.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.