Јаже – реквизит што вреди да го пробате!

Споделете го со другите

Вежбите со јаже го активираат целото тело, но најмногу се активираат стомачните мускули, како и мускулите на грбот и на рамениците.

Но има уште една важна придобивка од вежбите со јаже: го покачуваат пулсот на срцето и со тоа значително се зголемува согорувањето калории за време на тренингот.

Најчести вежби со јаже се бранување на јажето од положба на чучнување, подигање на јажето странично во висина на рамениците, скок од чучнување, удари со јажето од земја…

Задолжително внимавајте да ги изведувате вежбите правилно. Грбот мора да биде исправен, а колената и зглобовите на рацете цврсти за да не дојде до повреди.

За време на вежбите затегнете ги мускулите на целото тело, а колената нега бидат нежно свиткани, а погледот насочен напред.

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.