Изгледот умее да лаже: Жесток тренинг на „нежната“ Викторија Бекам (ФОТО)
За совршени стомачни мускули
Популарната дизајнерка Викторија Бекам исклучително се грижи за физичкиот изглед. Се придржува до строг начин на исхрана, кој се темели на јаткасти плодови, протеини и на зеленчук, а шеќерите речиси никогаш не се дел на нејзиното мени.
Таа е и многу физички активна, па секое утро поминува по 11 километри на подвижна лента за трчање, потоа вежба со тегови, практикува пилатес и јога, а кога ќе и’ здодее сето тоа, се оприентира кон поинтензивни тренинзи, како што е боксот.
Сопругата на Дејвид Бекам и мајка на четири деца сподели дел од својот утрински тренинг на Инстаграм и ги воодушеви обожавателите со своите совршени стомачни мускули.
Фото: Инстаграм