Го затегнува стомакот, ја лекува болката во грбот и ги опушта рамената: Ова е најдобрата вежба за жени!

Пробајте ја уште денес!

Не ви треба вежбалница и посебна опрема за тренинг, само добра волја и малку слободно време

Сите што ја правеле вежбата „штица“ знаат колку се затегнуваат сите мускули и колку оваа вежба помага за слабеење. Предноста на вежбите „штица“ е тоа што ги има во неколку варијанти, а ние овој пат ви ја претставуваме обратната „штица“.

Вежбата обратна „штица“ го затегнува и зајакнува телото со помош на тежината на вежбачот, ги активира сите мускули на телото, крвта побрзо и подобро струи низ целото тело, го збогатува телото со кислород и ја зголемува мускулната маса…

Еве кои се придобивките од обратна „штица“:

1. Ги топи масните наслаги на долниот дел од стомакот, особено кај жените.

2. Затегнува стомакот

3. Ги зајакнува мускулите на грбот и ги елиминира болките во половината.

4. Ја поттикнува флексибилноста на целото тело

5. Ги зајакнува мускулите на вратот и ја намалува напнатоста

6. Ги зацврстува бутовите и задникот.

Како да правите обратна „штица“?

Седнете на под и удобно сместете. Потоа испружете ги нозете и спојте ги. Подигнете го задникот под агол од 45 степени, ставете ги дланките на под за да се потпирате. Прстите на раката нека ви бидат насочени кон петите.

Останете во оваа положба колку што можете подолго, не помалку од 15 секунди. Важно е целото тело да ви биде затегнато и во линија. Не се опуштајте, бидејќи оваа вежба нема да има ефект.

Кога ќе видите дека не можете повеќе да издржите во оваа положба, полека спуштете се, а мускулите опуштете ги дури кога ќе легнете на под.

Повторете ја вежбата штом го допрете подот. Почетниците може да одморат малку, но оние што се во подобра форма, мора повторно да се подигнат во обратна „штица“.

Погледнете го видеото и почнете со вежбање!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.