Фитнес-совети: Како да не се повредите кога тренирате дома

Треба да посветите особено внимание на ова додека правите вежби во вашиот дом.

Сега, кога тренирате помеѓу четири ѕидови во вашиот дом, кога се обидувате да одржувате растојание од останатите во домот или немате доволно простор, вежбањето можеби ви изгледа малку чудно. Затоа, важно е да се обрне внимание на условите во кои ги правите вежбите за да избегнете повреда.

Еве што ви предлагаме:

  1. Направете простор за себе: Подигнете ги рацете нагоре, а потоа раширете ги странично и направете круг околу вас за да видите дали имате доволно простор
  2. Облечете патики за тренинг: Додека некои претпочитаат да вежбаат боси, експертите советуваат потење во патики
  3. Бидете запознаени со вашето тело: Секој има свои индивидуални цели, приоритети и е на различно ниво на фитнес
  4. Изберете различни вежби: Ако се обидувате да тренирате секој ден, не ги повторувајте истите движења
  5. Ако работите седејќи на работната маса и размислувате за вежби за грб: Во вашиот тренинг вклучете движења што ќе го неутрализираат згрбавеното држење на телото додека сте на компјутер
  6. Не заборавајте на забавата: Без разлика какви вежби правите, важно е да се забавувате и да уживате во движењата.

Прочитајте и: Фитнес-мотивација: Ако ви е тешко да тренирате во вашиот дом, овие совети ќе ви помогнат

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.