Фитнес-рутината на Кејт Хадсон како мотивација на денот

Фитнес-рутината на Кејт Хадсон е сè што ни требаше за да се мотивираме да вежбаме.

Ако барате инспирација за фитнес, вие сте на вистинското место. Имено, актерката Кејт Хадсон на својот Инстаграм профил сподели како изгледа нејзината фитнес-рутина.

Таа моментално е во Грција, каде го снима филмот „Нож во грбот 2“. Покрај тоа што ужива во убавините на Грција, Кејт тренира напорно, па реши да им покаже на своите следбеници како.

Фитнес-рутина на Кејт Хадсон

Во три различни видеа, таа ни откри како изгледаат нејзините тренинзи. Фитнес-рутината на Кејт Хадсон се состои од комбинација на бројни вештини, од пилатес, балет, до кревање тегови. И сè со цел да се чувствувате (и да изгледате) фантастично!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Hudson (@katehudson)

Покрај сите погоре наведени, Кејт обожава јога, а тајната на нејзината мотивација за вежбање е едноставна: направете го тренингот забавен.

– Се обидувам секогаш да се забавувам, а освен тоа, сакам да тренирам надвор. Кога немам време, одвојувам еден час за да прошетам, призна таа во една прилика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Hudson (@katehudson)

Слушајте го вашето тело

Кејт се обидува да не прави долги паузи помеѓу тренинзите, но ниту таа не е премногу зафатена со вежбање. Таа вели дека клучот е во рамнотежа.

– Јас не сум крута велнес или фитнес личност. Знам дека фитнесот може целосно да ја окупира индивидуата. Некои мислат дека тоа е единствениот начин да се поврземе со нас самите. Но, исто така треба да го слушате вашето тело. Можеби мислите дека е време за вежбање, но понекогаш вашето тело едноставно ви кажува дека му треба спиење. Нема потреба да се претерува во ништо, рече таа.

Прочитајте и: Пилатес вежби за болка во грбот

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.