Фитнес-мотивација: Ако ви е тешко да тренирате во вашиот дом, овие совети ќе ви помогнат

Корисни совети

Мотивација нека ви бидат здравјето и доброто тело, но и малку ментална изолација од другите членови во домот.

Ви претставуваме неколку совети кои ќе ви помогнат да започнете со домашните тренинзи.

Избор на просторијата

Одредувањето на просторијата во која вежбате ќе биде многу важно. Треба да биде светла и пространа, за да имате простор да вежбате – од фитнес и пилатес до јога и други видови вежби.

Исто така е важно да вежбате во иста просторија и во неа да бидат сместени потребните реквизити кои ќе ве мотивираат секој пат кога ќе влезете во просторијата.

Важно е просторијата да е добро проветрена и да се чувствувате пријатно во неа на секој начин. Ако немате услови за сето ова, односно доволно соби за да се изолирате додека вежбате, изберете агол посветен на вашиот тренинг и побарајте од останатите во домот да бидат трпеливи и да го почитуваат вашиот избор.

Избор на музика

Музиката, како што веќе знаете, мора да биде она што ќе ве мотивира и ќе ви даде сила да продолжите понатаму кога сакате да застанете. Изберете два вида песни – тивки (може да бидат амбиентални или некои балади) за истегнување и енергични и брзи (како хаус или техно песни). Листи на песни специјално направени за вежбање може дури да се најдат и на YouTube.

Прочитајте и: Фитнес за зафатени мајки: Како да го вклучите тренингот во вашиот распоред

План

Направете план за вежбање – какви вежби ќе вежбате кој ден и генерално, кои денови ќе вежбате. Држете се до планот и оставете го да биде ваша мотивација или задача. Променете го вашиот план за вежбање секој пат кога ќе почувствувате дека сте посилни и ви треба потешка вежба.

Партнер

Кога вежбате дома, секогаш може некој да ви се придружи – што е одлична работа. На овој начин, сите ќе започнете со физичка активност, и тие ќе бидат мотивацијата што ќе ве држи до крајот на тренингот.

Предлог: Кардио-тренинг идеален за придвижување на секое мускулче (ВИДЕО)

Опрема

Не ви треба скапа опрема за вежбање дома. Сè што треба да имате е подлога за вежбање за да не го повредите грбот или да не се валкате на подот. Другите потреби вклучуваат тегови (шишиња вода може да бидат добра замена) или посебна облека за вежбање, но тоа не е потребно.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.