Фитнес-инструкторка ја открила тајната: Еве зошто не можете да ослабите!

Обрнете внимание!

Фитнес-инструкторката Тифани Хол открила три мита што ве спречуваат да изгубите килограми

Тифани била тренер во емисијата „Biggest Loser“ и предлага 20-минутен тренинг, наместо еден час во вежбалница.

Почетокот на јануари секогаш е посветен на размислување како да ги изгубиме килограмите што сме ги качиле за време на празниците.

И додека сите до некаде знаеме што би требало, а што не би требало да правиме, според Тифани, слабеењето е навистина лесно за разбирање.

Таа ги открила трите мита што ве спречуваат да ослабите…

https://www.instagram.com/p/BrhWxS8DSNS/?utm_source=ig_embed

Мит #1: Клучно е ограниченото внесување калории

Изгладнувањето не е решение. Доколку не внесувате доволна количина на храна, ќе го исцрпите организмот и по неколку дена диета ќе му се вратите на стариот режим на исхрана. Треба да најдете избалансирано мени кое ќе стане дел од вашиот живот, а ќе ви помогне да ослабите без гладување.

https://www.instagram.com/p/BrqqOHIBdNx/?utm_source=ig_embed

Мит #2: Мора да поминувате со часови во вежбалница

Не е добро да поминувате со часови во вежбалница и да ги правите едните исти вежби, бидејќи вашето тело со текот на времето ќе се навикне на тие движења. Ваквото вежбање не е продуктивно. Тифани, која е мајка на едно дете, препорачува 20-минутен тренинг со висок интензитет.

https://www.instagram.com/p/Br6MWyMjbGD/?utm_source=ig_embed

Мит #3: Шејковите и соковите ќе ви помогнат да изгубите килограми

Кога пиете разни напивки, вие губите само вода, а не маснотии. Тоа не е решение за трајно губење килограми. Балансираната и лесна исхрана е клучна за вашата тежина.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.