Ајде да видиме кои активности доаѓаат предвид и колку калории ќе потрошите доколку ги практикувате.
Во надеж дека зимава ќе ни падне снег, кој ќе го прочисти воздухот, ќе ги убие вирусите и бактериите и ќе ни ги зајакне белите дробови, вооружете се со знаење колку точно калории можете да потрошите доколку денот го поминете играјќи си со најмилите на снегот.
А штом ќе заврне снег, искористете го зимскиот ден играјќи си со децата на снегот. Студеното време и нерамниот терен побрзо ги топат калориите и носат незаборавна забава
Кога времето е постудено, автоматски бара телото да троши повеќе калории за да се загрее. Па, така, со многу малку дополнителни активности, остваруваме ефекти на квалитетен тренинг, а наедно и одлично се забавуваме.
Согоруваме 25 отсто повеќе калории движејќи се низ снегот во однос на одењето по сув терен. Покрај тоа, штета е зимата да помине без ден поминат на снег, нели? А кога ќе ја почувствувате магијата на зимските игри со децата, едвај ќе чекате повторно да заврне снег и да побели сè.
Ајде да видиме кои активности доаѓаат предвид и колку калории ќе потрошите доколку ги практикувате.
Одење низ снег 340 калории
Бара да вложиме поголем напор отколку кога се движиме по сув терен, а тоа значи само едно – поцврсти мускули на нозете!
* Потрошувачка на енергија во текот на едночасовна активност, земена е просечна вредност за жена од 65 килограми
Санкање 450 калории
Кога ги влечеме санките по угорница, ги активираме мускулите на нозете и на глутеусите, а додека се спуштаме вежбаме баланс, при што ги активираме стомачните мускули.
Нордиско одење 435 калории
Кардио-активност во која истовремено се ангажирани горниот и долниот дел на телото, па се зајакнуваат рамениците, рацете, стомакот, задникот и нозете.
Мавање со топки 370 калории
Активност за време на која изведуваме најразлични движења, од клекнувања, исчекор, преку трчање, до мавање, значи, вклучени се сите мускули.
Правење Снешко 340 калории
Активност најслична на тренингот за издржливост. При собирањето и обликувањето на снегот, заземаме различни положби, со што дополнително ги активираме мускулите.
Лизгање 450 калории
Додека лизгаме, ги активираме мускулите на задникот и на нозете, како и стомачните. Одржувајќи рамнотежа, ги активираме и длабинските мускули, стабилизаторите.
Текст: Наташа Човиновска
Фото: Pexels