Ефективни вежби кои даваат резултати, а може да се изведуваат и дома

Вежбите на Леандер лесно се изведуваат, можете да ги направите во удобноста на вашиот дом, и што е најдобро од сè, тие даваат одлични резултати.

Ви донесуваме упатства како да ги извршите следниве три вежби:

Вежба 1

Исправете се и раширете ги нозете во ширина на колковите. Свиткајте се на половина сквот, така што стапалата ќе останат рамни на подот, а колената под агол од 90 степени. Излезете од полусквотот со левото стопало напред, вратете се на полусквотот и излезете со десната нога. Повторете ја оваа вежба 30 пати.

Вежба 2

Излезете од полусквотот со левата нога наназад, фрлете ги рацете напред. Вратете се на полусквотот и повторете го истото со десната нога. Направете серија од 30 наизменични повторувања со секоја нога.

Вежба 3

Легнете на страна и подигнете ги двете нозе на 5 центиметри од подот. Кренете ја горната нога малку до висината на рамото, а потоа полека спуштете ја. Држете ја потколеницата во воздухот во секое време – неколку центиметри од површината на која се потпирате на страна. Повторете ја вежбата 30 пати, а потоа свртете се на другата страна. За максимални резултати, ставете тегови од еден килограм на зглобовите.

Погледнете како Алесандра Амбросио ги изведува вежбите и следете го нејзиниот пример.

Прочитајте и: Како трчањето да помине без воспаленија и грчеви?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.