Докторка симнала 45 кг на 50 години: Споделила 3 клучни правила што ги вовела во дневната рутина

3 клучни правила

Докторка која ослабела 45 килограми споделила 3 клучни правила за слабеење

Докторката Еми Хосода открила како успеала да ослаби дури 45 килограми благодарение на промените што ги вовела во својата секојдневна рутина. Таа истакнала дека сè започнало да се менува откако наполнила 50 години.

Таа на социјалните мрежи споделила неколку важни совети што ќе ви помогнат да останете во форма, но и да ја задржите посакуваната тежина. Инаку, докторката е заговорничка на холистички пристап кон здравјето. Во согласност со тоа, развила план од 3 главни принципи, кои вклучуваат и елиминација на еден фактор во исхраната.

Три совети за одржување на тежината.

1. Внимателно со консумацијата на шеќер

Докторката Хосода истакнала дека многу е важно да се контролира колку шеќер внесуваме дневно и дека тоа е многу поважно од броењето калории. Важна е количината на шеќерот во храната, што предизвикува дебелеење ако е вишок. Исто така, бројот на калории е индивидуален и не постои универзален број на калории што би требало да ги внесуваме за да ослабиме и да ја задржиме тежината.

2. Сонот е многу важен

Познато е дека сонот е многу важен, не само за слабеење, туку и за правилно функционирање на организмот. Докторката советувала да се употребуваат суплементи, како што е магнезиум, за да се реши проблемот со несоница.

3. Правилен тренинг за сила

Правилниот тренинг за сила ќе ви овозможи да ја одржите посакуваната тежина, ќе влијае врз држењето и врз целокупната фигура. Научниците докажала дека е особено важен за лица постари од 50 години.

Фитнес-инструкторката Јанка Будимир ги откри клучните чекори во слабеењето: Следете ја и успехот е загарантиран!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.