Докажано: Млекото ги разградува мастите после тренинг

Доколку сте го завршиле вашиот тренинг, особено оној навечер, тогаш препорачуваме чаша млеко наместо вода, бидејќи докажано е дека согорува маснотии подобро и поздраво.

Неодамнешното истражување на канадскиот универзитет во Саскачеван покажа дека млекото е идеален пијалак за мускулите.

– Одредени спортски пијалаци предизвикуваат оксидација на маснотии поради одреден вид јаглени хидрати кои ги блокираат метаболичките патишта вклучени во процесите на нивно горење во мускулите – изјави д-р Фил Чилибек, професор на споменатиот универзитет.

– Од друга страна, калциумот и протеините од млекото помагаат при разградување на мастите.

Во студијата на Чилибек, може да се види дека спортистите кои пијат обезмастено млеко по вечерните вежби согоруваат повеќе маснотии следното утро, што се чини како добар избор после тренинг.

Големата содржина на шеќер во некои спортски пијалаци наменети после вежбање го подигнува нивото на гликоза, а високото ниво на протеини во млекото, пак, ги неутрализира овие лоши ефекти.

Прочитајте и: 11-минутна вежба инспирирана од пилатес!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.