Додека лежите можете да изгубите ист број калории како и со получасовна прошетка: Еве во што е трикот!

Интересно!

Едно истражување дошло до интересни податоци

Идејата за удобно лежење и губење килограми истовремено звучи одлично, а науката тврди дека тоа навистина е возможно.

Имено, едно истражување открило дека лежењето во када, во топла бања, може да согори значаен број калории, но и да помогне со регулирањето на шеќерот во крвта, што е исклучително погодно за луѓето кои страдаат од дијабетес тип 2.

Истражувањето што го спровел физиолог од универзитетот во Лондон, покажало дека мажите што поминувале еден час во вода со температура од 40 степени Целзиусови, согореле околу 140 калории.

Клучни работи за постигнување ефект се вистинското време и температурата. Во идеален случај, би требало да поминете еден час, додека температурата на водата треба да биде константна и да изнесува 40 степени Целзиусови. Пониска температура нема да даде вакви резултати.

Меѓутоа, овој експеримент бил спроведен само на мажи, така што не е познато како би реагирале жените и колку калории би согореле тие.

Научниците веруваат дека оваа техника делува, затоа што телото произведува таканаречени „протеини на топлотен удар“ кога телесната температура ќе порасне, што се случува кога вежбаме. Пасивното загревање има ист ефект.

Овие протеини се ослободуваат како одговор на стрес, така што придонесуваат за регулација на нивото на шеќерот во крвта и затоа може да дојде до губење килограми.

Оваа техника не може целосно да го замени вежбањето

За жал, топлата купка не може да биде замена за вежбање. За истото време што би го поминале во када, може да согорите многу повеќе со некоја друга активност.

Редовната физичка активност и правилната исхрана се единствениот вистински пат кон идеалната линија, но интересно е да се откриваат и нови начини што можат да помогнат во процесот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.