Дали знаевте дека одењето е поздраво од трчањето?

Ја враќа енергијата, го подобрува расположението, влијае на подобар сон, ги ублажува психолошките желби за храна, ја буди креативноста, ја зголемува продуктивноста, ги зајакнува мускулите и имунитетот … Толку многу придобивки, и само една, и толку едноставна, активност – одење!

Секако, доволно е да излезете надвор и да пешачите – и веќе сте направиле многу важна работа за потрошувачката на калории и здравјето на срцето, но ако ја прилагодите брзината, ги затегнете мускулите и барате нерамен терен, со угорнини и удолнини, дополнително ќе ги активирате главните мускулни групи и ќе работите на нивно зајакнување. Кога ќе го комплетирате сето ова со медитативен елемент, прошетката ќе ви го подобри расположението, ќе ви ги расчисти мислите, па дури и може да ви помогне да спиете подобро. Прочитајте за да дознаете зошто одењето е поздраво од трчањето.

Подобро за срцето

Луѓето кои трчаат со брзина од 10 км/ч или побрзо секој ден, всушност се изложени на ист ризик од срцеви заболувања како и оние со седентарен начин на живот. Сепак, движењето со полесно темпо, како што е брзото одење или лесното џогирање, од еден час до два и пол часа неделно, може да го намали ризикот за 25 проценти. Размислете за тоа, тоа е само половина час на ден во работните денови!

Подобро за имунитетот

Трчањето со интензивно темпо во долги интервали, како и други интензивни физички активности, го зголемуваат нивото на одредени воспалителни протеини, што негативно влијае на имунолошкиот систем. Друга причина за забавување: за време на една студија, ризикот од хипертензија, дијабетес, висок холестерол и срцеви заболувања беше помал кај луѓето кои практикуваа брзо одење во споредба со тркачите.

Подобро за апетитот

Трчањето троши повеќе калории – сепак е веројатно и стимулација на апетит. Истражувањата покажуваат дека интензивниот тренинг нè прави многу гладни и дека не сме задоволни од вообичаените порции храна. Овој феномен не е толку чест по одење.

Прочитајте и: За подобар сексуален живот: Тренинг што ќе ви помогне да бидете подобри во кревет

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.