Бидете вити и здрави во новата година: 8 фитнес-лекции од експерти

Одлични совети

Советите за поздрав, посреќен и поисполнет живот секогаш се добредојдени, особено кога ги даваат експерти од областа на фитнесот. Осуммина од нив споделија кои се најголемите фитнес-лекции што ги имаат научено досега

# 5 НЕ БАРАЈТЕ СКРАТЕНИ ПАТЧИЊА!

МАРИО ЈОВАНОВСКИ

персонален фитнес-тренер (@jovanovskimario)

„Независно дали сме свесни или не, секој од нас функционира на база на приоритети. Здравјето треба да е сечиј главен приоритет, без компромиси, па затоа нема простор за изговори. Освен тоа, функционираме и на база на навики. Навиките за јадење што ги имаме, добри или лоши, ги практикуваме во голем дел од нашиот живот. Многу диети се успешни само додека се практикуваат, затоа што се базираат на екстремни рестрикции, а не се фокусираат на менување навики. Здравиот начин на живот е маратон, а не спринт. Тоа е инвестиција во себе што ни го подобрува квалитетот на животот и долговечноста, нè штити од болести и ни помага да изгледаме одлично! Ова не е нешто што се креира за шест месеци. Конзистентноста и балансот се најважни, затоа залудно е да бараме скратени патчиња до оваа дестинација.“

# 6 ТРЕНИНЗИТЕ ЗАВИСАТ ОД ЛИЧНИТЕ ЦЕЛИ

СИМОН АНТИЌ

персонален тренер (@simon_antich)

„Не постои најефикасен тренинг. Видот на тренинзите зависи од целите на поединецот. Обично, рекреативците вежбаат од два до пет пати неделно, но професионалните спортисти вежбаат и по двапати дневно. Колку сте поактивни толку поблиску сте до целта. Покрај физичките придобивки, вежбањето предизвикува и други позитивни промени, како што се зголемена самодоверба и мирен сон. Благодарение на физичката активност и исфрлањето на негативната енергија, стануваме подобри и посмирени. Кога имам лош ден, не го одбегнувам вежбањето, туку одам на тренинг за да го направам денот подобар. Низ годините научив дека најдобро е да се вежба со тренер. Јас почнав без него, мислејќи дека сум спортист и дека не ми е потребен, но и ден-денес ги поправам работите што на почетокот сум ги правел неправилно.“

# 7 ПОСТАВЕТЕ СИ ЦЕЛИ!

КАТЕРИНА ПОПЕВА

коосновачка на „Тринити“ и лична тренерка (@ka3niity_)

„Сите грешат на почетокот, па така и јас. Мојата најголема грешка е тоа што порано тренирав повеќе одошто на телото му треба и тоа влијаеше контрапродуктивно. Важно е да се консултирате со стручни лица и да го адаптирате тренингот на вашите потреби. Многу жени го одбегнуваат тежинскиот тренинг, мислејќи дека само со кардио-вежбите ќе го добијат посакуваниот резултат. Со кардио-тренинг телото троши во моментот и неколку часа по вежбањето, но со тежинскиот троши дури и кога мирувате. Идеална комбинација е тежински тренинг дополнет со кардио-вежби. Само така жените може да добијат женствени облини и цврсто обликувано тело. Секогаш поставувајте си цели што ќе ве водат кога нема да имате мотивација. Вашата цел не ја интересира како се чувствувате. Давајте сè од себе. Вие самите сте вашата најголема конкуренција.“

# 8 БИДЕТЕ НАЈДОБРАТА ВЕРЗИЈА ОД СЕБЕ

СТЕФАНИ НЕДЕЛКОВА

фитнес-тренерка во „Кинетикс“ (@nedelkovastephanie)

„Најлесен начин да се воведе вежбањето во секојдневната рутина е да се почне со тренинг! Мора да се обидеш, да пробаш и да не се откажуваш, било да е вежбалница, фитнес-студио, трчање на кеј или некој спорт. Нормално, тоа е проследено со волја за одредена спортска активност и здрава избалансирана исхрана. Ден по ден сѐ повеќе го засакуваш вежбањето и само чекаш да ти дојде време за тренинг! Ова го зборувам од искуство и од коментари од моите вежбачи. Преценето е чувството по добар тренинг. Ги исфрлам сите негативни мисли, се регенерирам и се полнам со позитивна енергија, особено по напорен и стресен работен ден. Треба да се ужива во вежбањето и сакам оние што ги посетуваат моите тренинзи да си одат насмеани и истрошени. Моето мото е ’падни седум пати, стани осмиот’. Бидете најдобрата верзија од себе и сакајте се себеси!“

Подготвила: Марија Лукаревска

ФОТО: Приватна архива, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.