Ако седите повеќе од пет часа: Вежби за растегнување додека сте на работа

Оние кои поминуваат многу време седејќи, ризикуваат чести болки во вратот и грбот, но добрата работа е што со малку труд може да се спречат ваквите реакции.

За да се спречи ова, неопходно е да се прават вежби за истегнување секој ден. Нивната ефикасност не е само во релаксирање на мускулите околу цервикалните пршлени и рамената, туку тие работат и со подобрување на циркулацијата во мозокот, а со тоа и меморијата и концентрацијата стануваат подобри.

Кружење

Од стоечка и седечка положба, заокружете ги рамената наизменично и наназад.

Покрај редовните вежби кои го олеснуваат болката во вратот и рамената, потребно е и правилно седење. Ова подразбира позиција со искривување во половината, неутрална положба на вратот и рамената малку свиткани напред, брадата паралелна со подот. Во оваа позиција, мускулите не се оптоварени, но бидејќи не е можно да се одржува цело време, потребно е мускулите на грбот и вратот да бидат силни за да ви помогнат во тоа.

Горе долу

Од стоечка или седечка положба, спуштете ги и кренете ги рамената.

Предлагаме класични вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од болките во вратот и рамото. Ако чувствувате болка, направете ги што е можно побавно и полесно, со што помалку напор, но редовно вежбајте ги. Наскоро ќе видите подобрување и ќе почувствувате големо олеснување.

Туркање на лактот

Ставете ја едната рака зад главата и турнете ја со лактот надолу со другата, а потоа повторете ја на спротивната страна.

Брадата до градите

Свиткајте ја главата напред и турнете ја напред и надолу со рацете (брадата до градите). Исправете го вратот и повторете уште неколку пати.

Истегнување

По вежбите, истегнете го цервикалниот ‘рбет. Ставете ги рацете пред вас на масата, како да сте на училиште. Грбот е исправен. Полека спуштете ја главата кон масата додека не ги допрете рацете.

Настрана

Навалете ја главата настрана и притиснете ја кон рамо со раката. Повторете го истото и од другата страна.

Полукруг

Свртете ја главата настрана, а потоа направете полукруг со брадата од едното до другото рамо.

Прочитајте и: Попладневната дремка ја зголемува енергијата и продуктивноста ако ги следите овие правила

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.