6 докажано ефикасни вежби за слабеење

Сите вежби не ги топат килограмите, но овие - ГИ ТОПАТ!

Доколку сакате да ослабите практикувајќи физичка активност, имајте предвид дека сите вежби немаат ист ефект врз слабеењето. Најважно е прво да си поставите цел што сакате да ја постигнете и соодветно да изберете вежби што ќе ве испотат и ќе ви го забрзаат срцевиот ритам.

1 Прескокнување јаже

Скокањето на јаже е одличен тренинг што ќе ви овозможи да согорите калории и да го забрзате пулсот, но исто така влијае позитивно на мускулите на целото тело. Ова е забавна активност што можете да ја правите секој ден и е исклучително корисна за организмот. Правете ја оваа вежба 3-5 минути ако сте почетник и со текот на времето зголемете ги интензитетот и времето.

2 Планк

Оваа вежба е одлична за целото тело бидејќи согорувате многу калории. Со оваа статичка вежба се активираат сите мускули во телото, а најважно е да ја изведувате правилно, па резултатите ќе бидат загарантирани.

3 Скок и клекни-стани

Со оваа вежба ќе согорите многу калории – всушност, колку повеќе скокате, толку повеќе калории согорувате. Постапката е прилично едноставна: застанете со нозете раширени во ширина на колковите или малку пошироко, гледајте право напред, свиткајте ги колковите и колената и клекнете под агол од околу 45 степени. Потоа замавнете со рацете и скокнете колку што е можно повисоко.

4 Бурпи

Оваа вежба го активира целото тело и е физички тешка бидејќи се состои од неколку последователни движења без пауза. Овие движења се: клекнување, склек, враќање назад и скокање.

5 Високи колена (висок скок)

Високиот скок е кардио вежба која ќе ги зајакне вашите мускули и зглобови и ќе ги загрее подобро за понатамошниот тренинг.

6 Склекови

Добро позната стара вежба, но исклучително ефикасна бидејќи помага да се изгради мускулна маса. На почетокот обидете се да ги правите склековите со бавно темпо, а најважно е да ги правите правилно.

Фото: Getty Images

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.