5 генијални „Јутјуб“ канали за тренинг од удобноста на домот

Многу луѓе се недоволно физички активни само затоа што немаат време да одат во теретана поради голем број на дневни обврски.

Ако сте еден од нив или имате други причини зошто не можете или не сакате да вежбате надвор од вашиот дом, не очајувајте. Постои генијално и потполно бесплатно решение за ова. Интернетот е полн со тренери кои бесплатно го споделуваат своето знаење. Ви донесуваме 5 канали на YouTube за да ви помогнеме да бидете физички активни, да се вратите во форма и да го зајакнете вашето тело.

MadFit

На каналот MadFit на YouTube, ќе најдете мноштво видеа за вежбање што ќе ги активираат стомачните мускули, задникот и рацете за само десет до петнаесет минути.

Kukuwa Fitness

Оваа забавна, енергична вежба за танцување стана светски хит, а цел YouTube канал е посветен на тоа. Ако сакате нешто поразлично и забавно, а притоа да го раздвижите целото тело, Кукува финтес е вистинската работа за вас.

Brittne Babe

„Бритне Бејб“ е тука за сите оние кои сакаат поинтензивно вежбање. На нејзиниот канал ќе најдете кардио тренинзи на плажа, тринеделни предизвици за фитнес, традиционални вежби, како и совети за исхрана.

Yoga With Adriene

Без разлика дали започнувате или сте некој од искусните јоги, Адриен, ако не e веќе, ќе стане вашиот омилен учител по јога преку Интернет. Нејзината енергија, начинот на кој објаснува и видеата што следат одредена тема – ќе ве натераат (уште повеќе) да се заљубите во јогата и сите нејзини привлечности.

Lazy Dancer Tips

Доколку сакате правилно држење на телото, вежби кои ќе го активираат целото тело, но особено долниот дел и мускулите на вретеното, Алесија и нејзиниот канал Lazy Dancer Tips ќе бидат откритие за вас. Без разлика дали сте во балет или некој друг танц, Алесија, која верува дека можете да започнете да играте балет во која било година од вашиот живот, ќе ве натера да продолжите понатаму.

Прочитајте и: 3 големи грешки поради кои луѓето се откажуваат од вежбање

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.