3 причини да не избегнувате пешачење дури и во зима

Секој веќе знае дека одењето е добро за здравјето и дека треба да направите минимум 10.000 чекори на ден – особено ако седите во канцеларија осум или повеќе часа.

Сепак, колку и да е здраво, многу луѓе ги напуштаат овие долги прошетки за потопли и поубави денови, а експертите тврдат дека ова е сосема погрешна одлука и дека секогаш треба да пешачите – особено во зима.

„Пешачењето не бара посебни вештини – секој знае да оди. Тоа е безбедна, лесна вежба која може да има големо влијание врз здравјето“, вели д-р Седрик Брајант, претседател и главен научен директор на Американскиот совет за вежбање. „Промената на пејзажот, свеж воздух и сончева светлина имаат многу позитивни здравствени ефекти“, додаде тој.

Министерството за здравство на САД препорачува 150 до 300 минути аеробно вежбање со умерен интензитет неделно за возрасни – еквивалентно на брзо одење од најмалку 30 минути, пет дена во неделата. На тој начин ќе ја одржите моменталната тежина, но ако сакате да изгубите неколку килограми ќе треба да пешачите подолго и побрзо – Брајант препорачува 45 до 60 минути на ден и вели дека тој период можете да го поделите на два помали.

За што е добро одењето?

1. Тоа им овозможува на нашите бели дробови да пренесат повеќе кислород во другите органи и да исфрлат некои токсини штетни за организмот при дишењето. Ова истовремено ги зајакнува здравјето и функцијата на белите дробови.

2. Истражувањата покажаа дека рутината за пешачење им помогна на луѓето да го намалат нивото на шеќер во крвта и да спречат дијабетес – и тоа подобро од рутина за трчање.

3. Покрај придобивките за физичкото здравје, пешачењето има голем ефект и врз менталното здравје. Лекарите велат дека одењето е еден вид медитација затоа што стапувате во контакт со мислите и се опуштате.

Прочитајте и: Збогум на насобраните килограми: 4 вежби што можете да ги правите секој ден

 

ФОТО: Unsplash

 

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време