Лејди Гага го лансира својот бјути бренд

Лејди Гага одлучила после долгото чекање, да ги израдува своите фанови – наскоро нејзиниот козметички бренд ќе биде лансиран!

Гага на својот официјален Инстаграм профил објавила фотографија со која го најавува лансирањето на својот бјути бренд, кој се подготвува веќе неколку месеци наназад. Под името „Hause Laboratories“, познатата пејачка ќе продава разни производи преку Амазон платформата.

Освен фотографии, објавено е и промотивно видео кое нè води во светот на убавина под визија на Лејди Гага.

Официјалното лансирање ќе биде во септември, додека нарачувањето на производите ќе биде достапно од 15-ти јули.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.