Доведете ги очните капаци во ред: Еве како!

Овие едноставни трикови ќе ви помогнат да ја средите кожата на очните капаци, па нема да морате да размислувате за операција.

Ќесите под очите и спуштените горни очни капаци загрижуваат многу жени во одреден период од нивниот живот. Овој проблем може засекогаш да се реши со операција, но не може секој да си го дозволи тоа. За среќа, постојат достапни и ефективни начини да се доведат во ред очните капаци.

За почеток, пробајте утринска масажа на очните капаци со мраз. Однапред пригответе коцки мраз од чај од камилица или нане или од минерална вода со неколку капки сок од лимон. Со нежни кружни движења тријте ги очните капаци со коцките мраз.

За да се ослободите од спуштените горни очни капаци, направете маска од јајце: изматете една жолчка и додајте во неа неколку капки масло од сусам. Нанесете на очните капаци 15 минути, а потоа исплакнете со топла вода и нанесете крем. Оваа маска практикувајте ја два-три пати неделно.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.