Џеј Ло е лоша девојка: Виновни се нејзините нокти!

Да, да, добро прочитавте!

Кога Џеј Ло носи розова, тоа значи розова од глава до петици: монохроматски изглед, фустан, сандали и пунџа. И феноменални нокти!

Станува збор за маникирот „лоша девојка“ (mean girl mani). Ноктите на Џенифер Лопез имаат краток овален облик и изгледаат нежно поради бледорозовата нијанса, која е идеална за преодната сезона од доцна зима до рана пролет.

Па, од каде името „лоша девојка“?

Експертите за нокти објаснуваат дека овој маникир е совршен за жена-шефица, која знае што сака и не се плаши да го побара тоа.

Џеј Ло го носела додека работела на пост-продукцијата на филмот „Венчавка за умирање“, каде што таа е и продуцент и главна улога.

Софистицирано, едноставно, а крајно впечатливо!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.