„Не сакам да се фотографирам!”: Ова мрзоволно бебе стана вистински интернет хит поради својата лута експресија

Преслатко!

Во празничната сезона, бројни родители организираат фотосесии со желба да направат идилични фотографии од своите деца.

Токму поради тоа, девојчето Луна стана вистинска интернет сензација, а причината е нејзиниот намуртен израз на лицето кој го има на повеќето фотографии.

https://www.instagram.com/p/B5nBQEAg7rB/?utm_source=ig_embed

Бебето старо само 14 дена очигледно не било воодушевено што мора да позира пред фотографите и токму затоа направило лута фацијална експресија која насмеа многу корисници на социјалните мрежи.

Родителите на малата Луна, Лори и Критијан Мусa вели дека не се изненадени од нејзиното лошо расположение бидејќи од самото раѓање покажува дека не ужива во тоа.

https://www.instagram.com/p/B5oT4adg3i3/?utm_source=ig_embed

Иако очигледно не уживала во фотосесиите, фотографот Џастин Тухи открил дека Луна била многу мирна во текот на фотографирањето.

https://www.instagram.com/p/B5q2f7ZAfqy/?utm_source=ig_embed

За снимањето искористиле топло ќебе, во кое ја замотале малата Луна и  додавале украси на главата, меѓутоа според фотографиите, тие не биле по нејзина мерка. Но, и покрај лутиот израз, сите се сложуваат дека Луна е навистина неодолива.

Фото: Инстаграм

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.