Знаете ли како изгледала Меланија на венчавката пред 16 години: Фустан со 91 метар свила, тежок дури 25 килограми! (ВИДЕО)

Луксузно!

Не се штедело на екстравагантната свадба

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (74) и неговата сопруга Меланија Трамп (50) на 22 јануари ја прославиле шеснаесеттата годишнина од бракот.

Бракот со убавата Словенка на Доналд му бил трет, по неуспешните браковите со Ивана и Марла Мејплс.

Судбоносното „да“ го изговориле во Палм Бич на Флорида во 2005 година, а за целата церемонија биле потрошени повеќе од милиони долари.

Меланија на венчавката носела раскошен фустан со потпис на Џон Галијани, кој во тоа време работел за престижната модна куќа „Диор“. Блескаво белата венчаница била тешка 25 килограми, а имала дури 91 метар свила.

Венчаницата која чинела 100 илјади долари завршила и на страниците на „Вог“. Околу нејзиниот врат блескал и ѓердан од брилијанти. Словенечката манекенка не сакала да ја испочитува желбата на Доналд телевизиите ширум светот да ја пренесуваат нивната венчавка, па се откажал од таа намера.

Меланија истакнала дека сама ја организирала целата церемонија.

Интересно е што Меланија немала класичен букет, туку семејно наследство во вид на бели рози.

Екстравагантната свадбена торта имала дури 7 катови и била висока метар и половина.

Доналд и Меланија Трамп стапиле во брак по 7 години врска, а интересно е тоа што ја запросил со дванаесеткаратен смарагден прстен.

Доналд и Меланија Трамп ја прославија 16-годишнината од бракот: Еве ги деталите за нивната „свадба на векот“ (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.