Сега е официјално: Се свршил најпосакуваниот ерген во Холивуд!

На Денот на вљубените!

Иако не објавиле официјално дека се свршени, ниту го потврдил тоа некој од нивните луѓе задолжени за односи со јавност, целата работа ја открила мајката на славната пејачка

Овој Ден на вљубените ќе остане запомнет за сите обожавателки на холивудскиот актер Орландо Блум, кој со оваа постапка сигурно им го скршил срцето на многу од нив. Како што е откриено на социјалните мрежи, 42-годишниот актер ја запросил својата осум години помлада девојка, пејачката Кејти Пери.

Истовремено на своите Инстаграм-профили, 34-годишната Кејти Пери и Орландо Блум ги споделиле најубавите вести со светот. На Денот на вљубените, холивудскиот актер ја запросил пејачката и тоа со потполно необичен прстен во форма на цвет.

https://www.instagram.com/p/Bt5gRBDHNZl/?utm_source=ig_embed

Станува збор за уникатен прстен во форма на цвет, чии ливчиња се направени од дијаманти, додека во средината има розов скапоцен камен.

Иако не напишале официјално дека се свршени, ниту го потврдил тоа некој од нивните луѓе задолжени за односи со јавност, целата вест всушност ја открила мајката на славната пејачка, која на својот Фејсбук-профил ја објавила нивната фотографија и напишала: „Погледнете кој се сврши на Денот на вљубените!“.

Инаку, нивната љубовна приказна започнала во јануари 2016 година, откако биле првпат снимени како флертуваат на забавата по повод доделувањето на Златни глобуси. Врската била официјално потврдена еден месец подоцна, а цели година дена уживале во својата љубов.

Сепак, во февруари 2017 година, секој тргнал по свој пат, нагласувајќи дека планираат да останат пријатели. Шест месеци по раскинувањето, биле снимени на концерт на Ед Ширан во Лос Анџелес и оттогаш се неразделни. Орландо Блум веќе има еден брак зад себе со манекенката Миранда Кер, со која го има синот Флин.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.