Се ослободи од татко ѝ и се сврши: Цела планета зборува за нејзиниот трет прстен!

Погледнете

Бритни Спирс се сврши!

По 13 години агонија, Бритни Спирс повторно дише со полни гради. Прво, нејзиниот татко Џејми соопшти дека се откажува од законското старателство над пејачката, што значи дека повеќе нема право на нејзиниот имот, а сега на нејзината рака заблескал прстен. И тоа не каков било, туку веренички!

Поп-ѕвездата не ја крие среќата што долгогодишната љубов со згодниот Сем Асгари доби нов облик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

„Не можам да поверувам“, кратко напишала на Инстаграм.

Возбуден е и Сем, кој на популарната социјална мрежа објавил фотографија на која страсно се бакнува со свршеничката. Во таа пригода го видовме и прстенот со којшто ја запросил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Asghari (@samasghari)

Да се потсетиме, Бритни и Сем се во врска од 2016 годна, а се запознале на снимањето на спотот за песната Slumber Party, во којшто учествувал.

Ова е новиот дечко на Бритни Спирс: Ќе останете без здив!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.