Се омажила прекрасната манекенка: Ангелот на Викторија блеснал во венчаница од тантела!

Како принцеза!

Славната супермоделка се омажила, а меѓу гостите се нашле некои од најпривлечните жени на денешницата

Супермоделката и ангел на Викторија, Девон Виндзор (25), му го кажала судбоносното „да“ на долгогодишниот избраник Џони Декс, на карипскиот остров Сент Барт.

https://www.instagram.com/p/B4_0FtLA-wF/

На раскошната венчавка на убавата американска манекенка присуствувале многу гости, меѓу кои се нашле моделот Шанина Шајк, американската ѕвезда Оливија Кулпо, Џорџија Фаулер.

Невестата не ја тргнувала насмевката од лицето во венчаница од тантела со потпис на либанскиот моден дизајнер Зухаир Мурад.

https://www.instagram.com/p/B4_zsJenWnX/

Необичната венчаница направела од светкава бела тантела и проѕирен тил и’ ги откривала рамената и ја следела линијата на струкот и колковите.

Како вистинска принцеза, среќно чекорела кон олтарот, додека младоженецот се одлучил за бело одело, бела кошула и вратоврска, и беж мокасини.

https://www.instagram.com/p/B4-_uQKlSZ3/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.