Ретко кој го знае ова: Потегот што го направила принцезата Дијана на својата венчавка предизвикал многу реакции!

Не ги почитувала правилата

Принцезата Дијана одбила да го изговори зборот што бил задолжителен на својата кралска венчавка

Цел свет знае дека Меган Маркл често ги крши кралските правила, поради што ја излудува кралицата Елизабета Втора.

Но ретко кој знае дека со своето однесување многу поголема прашина кренала нејзината свекрва, покојната принцеза Дијана.

Имено, кога се венчавала со принцот Чарлс во 1981 година во катедралата Свети Павле во Лондон, таа одлучила да не изговори еден збор кој подразбирал дека таа ќе им се покори на желбите на сопругот и дека ќе го слуша.

Од 1662 година, важеле правилата од англиканската книга на заеднички молитви, односно завети според кои жената ќе го сака, негува и слуша својот партнер до смрт.

https://www.instagram.com/p/BlyZY4qniqN/

Според статија во „Њујорк Тајмс“ од 1981 година, принцезата Дијана е првата личност во британското кралско семејство која не го изговорила зборот „obey“ за време на церемонијата за нејзината венчавка, што значи дека не сакала да се покори.

Традиционалистите биле згрозени од нејзиниот потег и започнале големи расправии.

Објаснувањето за овој чин е многу јасно. Принцезата не сакала јавно да испрати порака дека нејзиниот сопруг е доминантен во врската, а со тоа се согласил и Чарлс.

Иако ваквото кршење на кралските традиции предизвикало контроверзии на дворот, но и во британските медиуми, со текот на времето било поставено ново правило.

Следејќи го нејзиниот пример, овој збор не се нашол ниту во заветите на Кејт Мидлтон за време на венчавката со принц Вилијам, а него изговорила ниту војвотката од Сасекс кога се мажела за принц Хари.

https://www.instagram.com/p/B0ephgrH0Zm/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.