Разликата меѓу нив е 3 децении, но тие се една од омилените холивудски двојки: Гламурозната свадба во Сен Тропе ја собрала светската елита!

Тие се доказ дека годините се само бројка

Поканети биле најпознатите луѓе на светот

Гламурозната свадба во Сен Тропе ја собрала светската елита! Илон Маск и Емили Ратајковски биле меѓу познатите личности што побрзале во Сен Тропе на венчавката на славниот холивудски агент Ариј Емануел (61) и модната дизајнерка Сара Стаудингер (32).

Прославата започнала во четврток кога големите холивудски имиња пристигнале во Сен Тропе и уживале во приватна вечера во ресторанот Сенекуиер.

Стаудингер заблескала во едноставна, минималистичка венчаница и елегантна пунџа.

Познатите личности како Шон Диди Комбс, Тајлер Пери, Емили Ратајковски и Илон Маск биле забележани како муабетат и уживаат на венчавката, што се одржала во приватна вила на врв на брдо со поглед кон францускиот приморски град.

Емануел е генерален директор на агенцијата „Ендевор“, која претставува некои од најголемите холивудски имиња, како Двејн Џонсон, Бен Афлек, Мет Дејмон и Џенифер Гарнер. Илон Маск исто така е во одборот на неговата компанија.

Претходно бил во брак со Сара Адингтон повеќе од две децении пред да поднесат барање за развод во 2018 година. Набрзо започнал врска со Стаудингер, која се занимава со мода. Со поранешната сопруга има три сина.

https://twitter.com/ufoworldnews/status/1531111965065617413?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1531111965065617413%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2Fvip-prica%2F179747%2Frazlike-izmedju-njih-3-decenija-a-omiljeni-su-par-holivuda-glamurozna-svadba-u-sen-tropeu-okupila-vrh-svetske-elite

Потекнува од познато семејство, бидејќи негови браќа се поранешниот градоначалник на Чикаго, Рам Емануел и биоетичарот Езекиел Емануел.

Медиумите пишуваат дека Емануел купил вила од два хектара вредна 27,5 милиони долари на Беверли Хилс во октомври 2020 година, која би можела да послужи како прв дом на брачната двојка.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.