Први фотографии од интимната венчавка на популарната пејачка (ФОТО)
Апсолутно романтично
Аријана Гранде (27) ги објави првите фотографии на социјалните мрежи од интимната венчавка со Далтон Гомез (25), која на 15 мај се одржа во нејзиниот дом, во присуство на најблиските членови на семејството и пријатели.
View this post on Instagram
Малиот број на гости се должи на забраната за собирање поголем број луѓе во согласност со мерките за заштита на јавното здравје.
На фотографиите, младенците се прегрнати и насмеани, а сите ја коментираат едноставна венчаница на популарната пејачка.
View this post on Instagram
Романтичните фотографии им се допаднаа на многубројните обожаватели на Аријана, која неколку пати беше свршена, но се венча со агентот со недвижнини, со кого се сврши во декември минатата година по врска од неколку месеци.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм