Прекрасната руска манекенка се омажила за наследник на луксузно царство: Блеснала во венчаница!

Рипнала во тавче

Иако оваа венчавка требала да биде настан на годината, поради пандемијата на коронавирус се одржала во поинакви услови

Славниот супермодел Наталија Водјанова (38) му кажала „да“ на својот избраник, бизнисменот Антонио Арнаулт (43) на граѓанска венчавка.

Прекрасната руска манекенка и наследникот на луксузното царство „ЛВХМ“ со оглед на актуелната ситуација поради пандемијата на коронавирус, организирале скромна и едноставна венчавка според пропишаните мерки.

Невестата блеснала во венчаница со потпис на руската дизајнерка Улијана Сергенко, додека нејзиниот избраник се одлучил за темносино одело и неколку нијанси посветла вратоврска.

Славната Русинка не ја крие среќата, па со своите следбеници на Инстаграм споделила дел од атмосферата на најважниот ден во нејзиниот живот.

Имале само неколку гости, скриени зад заштитни маски, кои фрлале ливчиња роза на новите младенци, а меѓу бројните честитки кои ѝ пристигнале на Инстаграм била и таа од Наоми Кембел.

https://www.instagram.com/p/CFZzsOND0mk/?utm_source=ig_embed

Инаку, парот се запознал на снимање кампања за „Луј Витон“ во 2008 година.

„Се сеќавам дека останав со отворена уста кога ја здогледав. Наталија не се сеќава на тоа“, изјавил Арнаулт пред три години.

Потоа само повремено се гледале, но Арналут дури во 2011 година собрал храброст да ѝ се додворува, откако прочитал во медиумите дека Наталија се развела од првиот сопруг.

По кратко допишување, закажале состанок во неговиот стан за да ги одбегнат папараците.

„Целата ситуација беше урнебесна, бидејќи и двајцата бевме срамежливи. Тој не се осмели ни да ме бакне“, рекла Водјанова.

Следната средба била фатална. Изнајмиле вила за одмор на Ибица. Набрзо започнале заеднички живот со нејзините три деца од првиот брак. Потоа, добиле и две свои деца. Среќното семејство денес живее во Париз.

Легална венчавка преку видеоповик? Можно е – во Њујорк!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.