Познато е каква венчаница носеше Бритни Спирс: Спуштените раменици се само едно делче – ова е нејзиниот фустан од соништата (ФОТО)
Сите се прашуваат каква венчаница носеше Бритни Спирс на неодамнешната венчавка со Сем Асгари. Еве го одговорот.
Венчаницата на познатата пејачка ја дизајнираше модната куќа „Версаче“, чија креативна директорка Донатела Версаче беше меѓу гостите на венчавката. Таа за Access Hollywood истакна дека креирањето на фустанот на Бритни Спирс било многу забавно и со многу емоции, пренесува „Дејли мејл“.
Им посакувам се’ најдобро, тие се прекрасни заедно, многу сум среќна за нив“, изјави таа.
E! News први ја пренесоа веста дека венчаницата на поп-пејачката е со спуштени раменици и шлиц во форма на буквата V. Според тој опис, венчаницата многу одговара на фустанот во кој пејачката се појави на својот инстаграм-профил во март годинава. А еве како изгледаше:
View this post on Instagram
Уште еден поглед на нејзината венчаница од соништата, но и на елегантниот костум на младоженецот:
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм