Потеклото на обичајот за носење невестински превез ќе ви ја заледи крвта: Смртта на невестата е само една од причините!

Дали сте знаеле?

Секоја девојка сонува за својата венчавка и венчаница, но сигурни сме дека ниту една не го знае потеклото на обичајот за носење превез – морничаво е!

Обичајот девојката што се мажи да го покрие лицето на денот на својата венчавка е со векови стар, дури и постар од носењето венчаница. Во најголемиот дел од историјата, превезот воопшто не бил бел, ниту проѕирен!

Повеќето етнолози и антрополози се согласуваат дека потеклото на невестинскиот превез треба да се бара во античките времиња, кога девојките на тој начин го криеле лицето за да се заштитат од злите духови.

Гркинките и Римјанките од минатото носеле црвени и жолти превези кои симболизирале оган за да ги исплашат и да ги избркаат од себе злите духови и демони. Римјаните оделе толку далеку што невестите во еден период од историјата биле потполно покриени со црвен превез за време на целата свадба.

Постоела уште една, многу попрактична, но еднакво морничава причина за постоењето на традицијата на носење долги превези. Имено, тие се изработувале по нарачка, точно според висината и другите мерки на идната невеста, внимателно се чувале по венчавката и кога ќе дошло време, биле користени како погребални прекривки откако жената ќе починела.

Во Европа договорените бракови биле нормални, а има и такви што тврдат дека девојките носеле превез за да го спречат идниот сопруг да им го види лицето сè до крајот на церемонијата на венчавката.

Теоретски, ако не им се допаднело тоа што ќе го виделе откако невестата ќе го тргнела превезот, веќе ќе било доцна за премислување.

„Бегај најбрзо што можеш, ќе те убие во бракот“: Морничав момент на една свадба кружи на Интернет – секунда по оваа сцена следува ПЕКОЛ! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.