Почна најскапата венчавка во историјата: Ќе трае 10 дена, а ексклузивни гости ќе бидат Бијонсе и Хилари Клинтон!

Раскош на сите страни!

Ќерката на еден од најбогатите мажи во светот ќе го каже судбоносното „да“

Иако светот пред неколку дена беше маѓепсан од неверојатната венчавка на актерката Пријанка Чопра и музичарот Ник Џонас, Индија допрва се подготвува за спектакл!

Имено, денес ќе почне една од најскапите венчавки во историјата, која наводно ќе чини повеќе од 100 милиони долари. Само колку за споредба: толку чинела и венчавката на принц Чарлс и принцезата Дијана.

Судбоносното „да“ ќе го изговори Иша, ќерка на еден од најбогатите мажи во Индија, тајкунот Мукеш Амбани.

View this post on Instagram

💃

A post shared by Isha Ambani (@ambani.isha) on

Таа ќе се венча со Ананд Пирамал, исто така син на милијардер, а меѓу бројните гости се и пејачката Бијонсе и поранешната прва дама на Америка, Хилари Клинтон.

Прославата за венчавката ќе трае 10 дена, а за своите гости, Амбани закупил дури пет луксузни хотели со пет ѕвезди во индискиот град Удајпур, до каде што ќе патуваат со дури 100 приватни авиони.

Главната церемонија ќе се одржи во домот на Амбани во Бомбај, кој има дури 27 катови.

View this post on Instagram

My New Life ❤💖👩‍❤‍💋‍👨

A post shared by Isha Ambani (@ambani.isha) on

Иша и Ананд се свршила на италијанското езеро Комо пред 600 гости, а на прославата им пеел Џон Леџенд.

На приватната забава пред венчавката наводно им пеела Бијонсе, која се пофалила со фотографија на својот профил на Инстаграм.

По венчавката, младенците ќе се преселат во вилата Гулита во Бомбај, вредна 64 милиони долари, чија внатрешност е украсена со дијаманти.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време