На денот на својата венчавка објаснила што значи да се биде икона: Ова е најелегантната венчаница на 20 век!

Женствена и префинета!

Венчаницата што Грејс Кели ја носела во 1956 година на венчавката со принцот Рени Трети од Монако била прогласена за најелегантна во 20 век и е вистинско ремек-дело!

Грејс ја добила како подарок од студиото МГМ, а ја дизајнирала Хелен Роуз. На велот биле зашиено илјадници бисери.

Долниот дел од венчаницата бил од свилен тафт, а горниот од убава тантела, чии мотиви биле одвојувани од подлогата и повторно составувани за да го следат обликот на фустанот до долниот дел. Биле искористени 22 метри свилен тафт, 90 метри свилена мрежа и бриселска тантела со рози стара 125 години. Било проценето дека трошоците за производство и материјал изнесувале 7.266 долари.

Дизајнерот на чевлите за венчавката, Дејвид Евинс, во десниот чевел на Грејс Кели ставил паричка за среќа.

Венчаницата денес е во сопственост на The Philadelphia Museum of Art.

Дизајнерот Оскар де ла Рента со овие зборови го објаснил значењето на легендарната венчаница:

„На денот на својот венчавка, Грејс Кели му даде ново значење на зборот ‘икона’. Целиот нејзин стајлинг – од велот до женствените детали од тантела, и конзервативниот фустан го направиле модерен, кој не старее.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nana Lystiani (@nana_lystiani)


Принцот Алберт од Монако, синот на Грејс Кели открил како мајка му пристигнала од Америка на венчавката.

„Кели допловила во Монако од Њујорк. Патувала осум дена со 50 членови на семејството, шест деверици и 80 куфери. Во Монако ја дочекале нејзиниот принц и толпа од 20.000 луѓе“, открил Алберт.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.