Кратка венчаница, километарски превез и расплакана невеста: Како некој да ја присилил да се појави на свадбата!

Кортни Кардашијан

Кортни Кардашијан се омажила за тапанарот Травис Баркер на третата и официјална церемонија во Италија

Зар Кортни не треба да биде среќна, насмеана и задоволна? Што се случило со постарата сестра на Кардашијан?

Кортни Кардашијан и Травис Баркер во недела ги разменила брачните завети по третпат, на романтична церемонија во италијанското летувалиште Портофино. Откако најстарата сестра Кардашијан го шокирала светот во саботата со мрачното, бизарно издание за свечената вечера пред венчавката, сега сепак направила далеку поубав и поелегантен избор.

Мајка ѝ Крис Џенер ја испратила Кортни до олтарот, а на церемонијата пристигнала со песна, односно со католичката молитва „Аве Марија“.

Славната 43-годишна Кардашијанка се појавила во ултракратка, бела венчаница од брендот „Долче и Габана“ од комбинација на тантела и сатен, која всушност била во форма на корсет што ја истакнувал и затегал ставата на Кортни.

Она што било најизразено на изданието на оваа дама бил неверојатно долгиот превез на којшто бил извезен ликот на Дева Марија, како и цветни мотиви.

Кортни го надополнила изданието со проѕирни ракавици, бели салонки и дискретни дијамантски обетки, а во рацете носела уникатен бидермаер од црвени и бели рози.

Погледнете ја галеријата со преостанатите фотографии од венчавката…

Сестрите Кардашијан внесоа немир во Портофино: Кортни шета како готик-невеста, а Ким Кардашијан – БОСА! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.