Изложба на кралските венчаници (ФОТО)

Јавноста одблиску ќе ја види и тијарата од смарагди

Обожавателите на британското кралско семејство од денес можат одблиску да ги видат двете венчаници на принцезата од Јорк, Евгенија, која се омажи за бизнисменот Џек Бруксбенк.

Во замокот Виндзор се изложени венчаниците, дизајнирани од Петер Пилото и Кристфер де Вос, и светлорозовата, во која се пресоблече, по венчавката, на Зак Позен. Јавноста одблиску ќе ја види и тијарата од смарагди, позајмена од баба ѝ, и свечениот костум на младоженецот од кројачите на „Севил Роу“.

Тијарата, изработена во 1919 година, првпат е изложена на изложба. Ќе бидат изложени и обетките од дијаманти и смарагди на принцезата Евгенија, подарок од сопругот.

Изложбата се организира по сличната со личните предмети на војводата и војвотката од Сасекс, во замокот Винздор, лани, наесен. Изложбата се затвори на 6 јануари,  но ако сте ги пропуштиле фустаните на Меган Маркл, ќе можат пак да се видат во Палатата во Холирудхаус од 14 јуни до 6 октомври годинава.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.