Холивудската убавица се омажи во мошне необична венчаница, која ги зборува сите јазици на светот и која е толку романтична и ретро што го одзема здивот (ФОТО)

Дали би ја избрале нејзината венчаница за вашата свадба?

Холивудската актерка и манекенка Александра Дадарио (36) на романтична церемонија во Њу Орлеанс ги размени брачните завети со продуцентот Ендрју Форм, кој е 17 години постар од неа.

Новопечените сопружници се венчаа помалку од една година од свршувачката, а својата венчавка одлучија венчавката да ја обележат во култниот простор на Preservation Hall, кој датира од 1950 година и ги собираше љубителите на џезот.

Целата свадба имаше посебен, ретро-печат, па така и младенците беа стилизирани во духот на модата што ги одбележа 20-тите години на минатиот век.

На свадбата пристигнаа со чадори за сонце од тантела, а додека младоженецот избра ленен, беж костум со кафени риги и бела кошула, Александра не’ воодушеви во венчаница која ретко која невеста би ја избрала.

Имено, убавата 36-годишна невеста блесна во свилена, плисирана венчаница со тенки прерамки со потпис на брендот Danielle Frankel, специјализиран за изработка на венчаници. Фустанот беше украсен со цветни мотиви, како и долг вел од тул, а Александра се одлучи и за доста лежерна пунџа и ненаметлива шминка.

Сакав венчаница во која ќе се чувствувам добро и на топло. Ништо премногу тешко или сериозно. Се заљубив во фустаните на брендот Daniel Frankel. Ги следев на Инстаграм, им пратив порака, се допишувавме и кога отидов во нивното студио, се чувствував убаво во се’ што пробав. Го избрав овој фустан затоа што се чувствував како да припаѓа на Њу Орлеанс и беше вистинскиот избор за жештините во Луизијана“, објасни актерката.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.