Девојка се омажила за силувач знаејќи што направил: Нејзината исповед ги шокира жените!

Вака го опишува животот со него

Џема Морган се омажила за Американец кој извршил силување кога бил млад, а нејзините зборови ги шокирале жените

Британката Џема Морган (31) го запознала сопругот, Американецот Лајонел Васкез (31), преку својата учителка по шпански јазик, која всушност му е мајка на нејзиниот партнер. И ништо од ова не звучи чудно, но овој маж во 2011 година бил осуден за силување и моментално отслужува 20-годишна казна во затвор.

„Сè уште чувствувам пеперутки во стомакот секогаш кога ќе ми се јави или кога ќе го видам неговото име во порака. Љубовта меѓу двајца луѓе може да процути без разлика на тоа кои сте и што сте направиле“, вели Морган.

Нагласува дека воопшто не мисли дека нејзиниот сопруг е невин, туку не сака да се навраќа на тоа што го правел во минатото, бидејќи верува дека се променил. Лајонел го запознала во 2021 година, кога се запишала на курс по шпански јазик на Интернет. Тогаш, професорката ѝ споменала дека има син на нејзина возраст, кој моментално е во затвор. По тоа сознание, Морган одлучила да му напише порака. Две години подоцна се венчале.

„Веднаш се поврзавме, бидејќи имавме иста смисла за хумор. И двајцата ја обожаваме музиката од 1990-тите и ги сакаме истите филмови“, се присетува Џема.

По неколку месеци разменување пораки, двојката почнала да разговара преку телефон, а во еден од разговорот, на нејзино инсистирање, Васкез детално ѝ го опишал своето злосторство, поради кое не е на слобода.

„На почетокот мислев дека тоа е нешто многу сериозно за коешто би требало долго да биде во затвор, но сега сфаќам дека бил многу млад и дека по годините поминати во затвор се рехабилитирал“, рекла таа.

Од друга страна, Лајонел истакнал дека не можел ни да си замисли дека ќе пронајде таква жена.

„Таа е жена каква што не си замислував ни во најубавите соништа. Љубовта никого не го чека, му се радувам на излегувањето од затвор и на животот со личност која ме исполнува“, изјавил младоженецот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.