75 години од раскошната свадба на кралицата Елизабета и принцот Филип: Ја обележило шокантното однесување на семејството на младоженецот

Никој не присуствувал

Тоа било една од најубавите свадби во историјата, но некои немили случувања и понатаму се паметат

Трауматичното детство и самостојното растење го обележале раниот животен период на принцот Филип. Поради тоа, поголемиот дел од неговото семејство не биле присутни на венчавката со Елизабета, која се одржала на 20 ноември 1947 година.

Принцот Филип е син на грчкиот принц Андреј и принцезата Алиса од Батенберг и далечен правнук на британската кралица Викторија. Најмлад е од петте деца, но воедно и единствениот син на грчкиот принц. Неговото болно детство било обележано со заминувањето од Грција кога неговиот вујко, кралот Константин Први, абдицирал од власта во 1922 година поради воениот удар во Грција. Истовремено, таткото на принцот Филип бил обвинет за велепредавство, а кралското семејство било прогонето во странство.

Па така, Филип своето рано детство го поминал во Франција, а со школување започнал во Англија, подоцна продолжувајќи во Германија и Шкотска. Кога ја запознал тогаш младата принцеза Елизабета, поради честата разделеност својата врска ја одржувале со писма и испраќање фотографии. Иако многумина се противеле на нивниот брак, кралството на крајот сепак попуштило, па објавиле свршувачка и датум за венчавка.

Сите четири сестри на Филип, принцезите Сесил, Маргарита, Софија и Теодора, биле омажени за германски припадници на кралското семејство. Со оглед на тоа што во тоа време траела Втората светска војна, во која Британците и Германците биле на спротивставени страни, тие не присуствувале на венчавката на нивниот единствен брат.

Мајката на Филип, принцезата Алиса, која била родена глува, во тоа време веќе неколку години била сместена во психијатриска болница во Франција, откако доживеала нервен слом. Татко му често патувал, па по распадот на кралството во Грција потполно го занемарил семејството и обврските околу наследникот.

Ја вика колбас и поради неа се откажал од тутун, но не и од жени: Љубовната приказна на кралицата Елизабета и на принц Филип!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.