3 часа го чекала пред олтар, а тој не се појавил: Наместо да тагува, го направила ОВА и го воодушевила целиот свет!

Неверојатно!

Најубавиот ден ѝ се претворил во кошмар

Мислела дека тој е вистинскиот, дека крај него ќе ја дочека староста. Била сигурна во неговата љубов, а она што тој ѝ го приредил, никогаш нема да може да му го прости, ниту да го заборави.

Марија и Марк закажале венчавка, со месеци подготвувале сè и се погрижиле секој детаљ да биде совршен, а потоа пристигнал и долго очекуваниот ден.

Нивната венчавка била закажана во 12 часот, точно напладне.

„Станав тоа утро, најсреќна на светот. На моменти си помислував дека не постои посреќна девојка од мене. Моментот кога ја облеков венчаницата беше исклучително емотивен за мене“, рекла таа.

Некаде пред 12 часот се упатиле кон црквата и чекале да се соберат сите гости. Сите пристигнале освен него. Од младоженецот ни трага ни глас.

„Си помислив дека заглавил некаде по пат, бидејќи секогаш има метеж за викенди. Поминаа 30 минути, а потоа и еден час и потоа почнав да се грижам. Му ѕвонев без прекин, но телефонот му беше исклучен.“

Три часа подоцна, младоженецот решил да се огласи.

„Ме остави да чекам 3 часа, па дури потоа се сети дека можел да се јави. Ми се јави и ми кажа: ‘Извини, не можам да го направам ова. Не те сакам повеќе’“

„И така, без дополнително објаснување, најубавиот ден во животот ми се претвори во кошмар, а деновите потоа во вистинска агонија. Не морам ни да ви кажам дека никогаш не добив дополнително објаснување. Тој се отсели во друг град, па повеќе не го ни среќавам, а и денес се прашувам каде погрешив и како не ги забележав знаците на предупредување.“

Иако прво била во шок, она што го направила Марија ги воодушевило сите. Со оглед на тоа што ресторанот веќе бил платен, а храната приготвена, таа одлучила овој ден да не биде тотална утка.

Контактирала луѓе од прифатилиште за бездомници и наместо сватовите, ги угостила нив.

„Насмевката на нивните лице успеа да ми го поправи денот. Подобро не можеше да заврши“, заклучила несудената невеста.

Како би постапиле вие на нејзино место?

Балканска невеста: Пред венчавката отишла во продавница по цигари (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.